Македонија

Фатмир Меџити и Андон Чибишев се новите директори на Неврологија и Токсикологија

Фатмир Меџити и Андон Чибишев се новите директори на Неврологија и Токсикологија

Екс министерот Фатмир Меџити и д-р Андон Чибишев се новите директори на Клиниките за Неврологија и Токсикологија.

Ваквата одлука донесе новиот министер за здравство Арбен Таравари.

„Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити“, информира Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни