Македонија

Мицкоски: Како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници!

Мицкоски: Како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Самитот на НАТО се обрати и порача дека како македонска влада сакаат да бидат рамо до рамо со нивните сојузници.

„Како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници, и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани. Она што сакам да го потврдам е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2% од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата армија, нешто што е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе следиме најголемата светска одбранбена алијанса која некогаш постоела“, порача Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни