Македонија

Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ на дефектот

Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ на дефектот

Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје, велат од ЕВН.

„Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час.

ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби. Благодарност и до корисниците за покажаното разбирање и трпение“, велат од ЕВН.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни