Директорот на Комисијата за односи со верските зедници г-дин Даријан Сотировски утрово го прими високиот претставник на саудиската кралска власт, Н.Е. Авад бин Себлиј Ал Анезиј, заменик министер за исламски работи на Кралството Саудиска Арабија.
На средбата се разговараше за продлабочувањето на соработката со Исламската верска заедница и со институциите на државата, во насока на подобро запознавање и искористување на широките можности кои современите културни, економски и образовни практики ги нудат.
Министерот Ал Анезиј го изрази задоволството од посветеноста на македонските институции и верски заедници да создадат стабилна општествена кохезија и најави дека неговата посета е увертира во идниот период на почеста и подлабока соработка.
Директорот Сотировски упати на посветеноста на македонската држава да гради внатршна хармонија, што секако е условено од бројни предизвици, но и да биде во отворена соработка со сите суверени држави, а со кои гледа заемен интерес кај граѓаните на двете држави за одржлив развој и благосостојба.
На средбата присуствуваше и поглаварот на Исламската верска заедница Х. хфз. Шаќир еф. Фетаи.