В.Д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска на прес конференција информираше и за случајот со екс специјалната обвинителка Катица Јанева.
Тој вели дека имал анонимна дојава дека Јанева не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму.
„За Катица Јанева ве уверувам дека имав анонимна дојдава дека госпоѓата не е на работното место. Јас по службена должност бев обврзан да пратам службени лица да проверат дали е тоа така и констатираа дека не била на работното место“, вели тој.
Како што вели, Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот.
„Нека побара“, кратко истакна.