Македонија

Им влегувал во домот преку балкон – полицијата го фати!

Им влегувал во домот преку балкон – полицијата го фати!

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.В. (21) од Штип во врска со три кривични дела, од кои едно „тешка кражба на дрзок начин“ и две „тешки кражби во обид“. Г.В. кривичните дела ги извршил влегувајќи во станови во Скопје преку балконите, и тоа на 15.07.2024, на 20.07.2024 и на 21.07.2024, по што е лишен од слобода во ПС ОН Центар.

Денеска (22.07.2024) лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни