Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.
Тој посочи дека тие телефонски разговарале за најважните прашања од нашите билатерални, а особено економските односи, како и за местото на Србија и Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и взаемната поддршка на патот на ЕУ.
„Претседателот на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарот, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчињски на Илиндан, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи. Ја искористив приликата да го поканам мојот почитуван колега да ја посети Србија, со цел конкретизирање на некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво“, вели Вучиќ.