Македонија

Браќа осомничени за убиството во гостиварско, едниот приведен!

Браќа осомничени за убиството во гостиварско, едниот приведен!

Попладнево во гостиварското село Дебреше се случило убиство.

Две лица се осомничени дека пукале од автоматско оружје, а полицијата привела еден од осомничените.

Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

„Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „Волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со кое го извршил делото“, наведува портпаролот Реџепи.

Едно лице починало од повреди нанесени со огнено оружје, а во тек се дополнителни мерки и увид за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни