Македонија

ЗАПАЛЕНА ПЛАТФОРМА НА СМОЛАРСКИ ВОДОПАД: Граѓаните бараат строга казна за пироманот, се шири пожар кон Беласица!

ЗАПАЛЕНА ПЛАТФОРМА НА СМОЛАРСКИ ВОДОПАД: Граѓаните бараат строга казна за пироманот, се шири пожар кон Беласица!

Во текот на вчерашниот ден непознато лице ја запалило платформата на Смоларски водопад.

Со тоа се предизвикал пожар кој се шири кон непристапен дел на Беласица

На терен се граѓани од локалното население, пожарникари од ТППЕ Струмица, вработени во Македонски шуми. Сите интервенираат со цел да се спречи ширењето по непристапниот терен околу водопадот.

Како што велат, ова е зло кон општеството и сторителот мора да биде најстрого санкциониран.

Исто така, од денеска се забранува пристап на Смоларски водопад заради безбедносни причини, се додека не биде изградена нова платформа на водопадот

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни