Македонија

61-годишен маж пронајден во безсознание на клинички – по кратко време починал

61-годишен маж пронајден во безсознание на клинички – по кратко време починал

На 01.08.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од с.Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал.

Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни