Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги прими младите херои кои донесоа златен медал за Македонија.
„Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал. Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи“, напиша Мицкоски.