Македонија

СДСМ: И во наше време Османи сакала да ги прескокне безбедносните протоколи, по волја на султан Мицкоски процедурите може да се кршат!

Од СДСМ велат дека премиерот Христијан Мицкоски влегол во улога на полицаец и обезбедувач кој во иднина ќе ja спроведувал лично Претседателката на Косово Вјоса Османи, да се избегнеле скандали.

Според нив, Мицкоски е султан.

„Оваа изјава е скандал сама по себе. 

Дали ова значи дека во иднина тој лично ќе и гарантира дека не треба да ги помине и почитува пропишаните процедурите? Каква е оваа порака на непочитување кон професионалците од МВР и аеродромот кои доследно ги спроведувале процедурите? 

Со ова Мицкоски потврдува дека повторно доаѓа време кога законите не важат, а процедурите може да се кршат според волјата на султан Мицкоски и неговите коалициски партнери.

Јавноста треба да знае дека при иста идентична ситуација во времето на СДСМ и барање на косовската Претседателка да помине надвор од пропишаните процедури, јасно и било кажано како треба тоа да го стори и токму на тој начин се спровела проверката. 

Тогаш немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето кое професионално ги спровело процедурите. Тогаш немало јавување по телефони и политичко влијание од страна ниеден политичар и затоа немало ниту скандал. 

Со изјавата дека следниот пак ќе ја придружува косовската претседателка на аеродром за да се избегнат инциденти, Мицкоски исто така ја прејудицира и влијае на истрагата на Обвинителството и особено на делот на Обвинителството задолжен за прекршоци од страна на полицијата, иако е јасно кој и како ги прекршил законите.

Прво, тоа е Африм Гаши испраќајќи го своето обезбедување, и второ обезбедувањето“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни