Македонија

Градежни работници исекле кабел за струја во Раштак, па од искрите настанал голем пожар

Градежни работници исекле кабел за струја во Раштак, па од искрите настанал голем пожар

На 06.08.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни