Македонија

Бектеши: Соработката на компанијата 4iG со кинеската Huawei е закана за критичната инфраструктура и стратешките интереси на земјата

Бектеши: Соработката на компанијата 4iG со кинеската Huawei е закана за критичната инфраструктура и стратешките интереси на земјата

Екс министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил пишува дека соработката на компанијата 4iG со кинеската Huawei е закана за критичната инфраструктура и стратешките интереси на земјата.

Како што вели, тие имаат блиска соработка за нов cloud за собирање податоци.

„Компанијата 4iG, со која нелегитимната Владата разговара за нов мобилен оператор, има блиска соработка со кинеската Huawei за нов cloud за собирање податоци. Ова е спротивно на интересите на нашите стратешки партнери, како и за критичната инфраструктура во земјата“, пишува Бектеши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни