Македонија

ДОБИЈА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Овие екс заменици министри ќе земаат апанажа!

ДОБИЈА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Овие екс заменици министри ќе земаат апанажа!

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос.

Исто така, членовите на Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими.

Комисијата денеска ја донесе одлуката за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова.

Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни