Македонија

Ангелов: Борбата против оние кои предизвикуваат пожари мора да биде жестока

Ангелов: Борбата против оние кои предизвикуваат пожари мора да биде жестока

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, уште еднаш апелираше до граѓаните за внимателност за предизвикување на пожари.

Тој најави жестока борба против оние кои предизвикуваат пожари, и дека ќе се бараат дополнителни законски измени.

„Палење на стрниште кое навидум изгледа безопасно, за миг може да се претвори во страшен шумски пожар. Голема благодарност за пожарникарите, кои вчера изгасија 24 пожари. Замислете како им е на пожарникарите и тие се на крајот на своите сили, затоа апелирам граѓаните да бидат внимателни со своето поведени и постапки да не предизвикаат пожар на отворено. Ги повикуван сите граѓани, доколку некое лице им е сомнително, или е невнимателно пали стрниште, да го пријават на 112 или на полициски станица. Нека се јават на пријател полицаец, пријател пожарникар, шумар, да пријават. Борбата мора да биде жестока против оние кои палат. Само со високи казни можеме да ги спречиме овие појави. Ќе бараме дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија“, рече Ангелов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни