Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска истакна дека унгарската групација 4iG, која е заинтересирана да стане трет мобилен оператор во земјава, има стратешко партнерство со кинескиот „Хуавеј“, се спинови за да се нападне овој проект на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што вели, изворот на овие напади се двата актуелни телекомуникациски оператора во земјава „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“, кои тоа го прават за да го заштитат актуелниот дуопол што го имаат на пазарот.
„Ако е ова проблемот, очекувано е тие два оператора да направат се да го нападнат овој наш проект. И тие не излегуваат јавно, туку пуштаат спинови во јавноста и така натака“, рече Николоски.