Македонија

Над шумите 24 часа ќе има специјален дрон со термална камера, има домет од 10 км и јасно го снима секое движење!

Над шумите 24 часа ќе има специјален дрон со термална камера, има домет од 10 км и јасно го снима секое движење!

ТППЕ Струмица го пушта во погон специјалниот дрон со термална камера кој ќе помогне во гаснењето на пожарите на отворен простор и правилна проценка во акцијата за гаснење.

Се работи за дрон кој има домет од околу 10 км. и може да детектира и јасно да го сними секое движење и најмал извор на топлина.

Неколку пожарникари -спасители се обучени за ракување со дронот, а секој снимен материјал во кој ќе има било какви индикации дека се работи за евентуални предизвикувачи на пожар ќе биде предаден на надлежните институции.

Локацијата на снимањето ќе биде различна секој ден и позната само на обучените пожарникари-спасители. Дронот ќе биде во погон во секое време 24/7

Пожарникарите од Струмица упатија повторен апел до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворен простор.

„Концентрацијата на штетни пм 10 честички и канцерогени штетни честички во воздухот е енормно зголемена поради пожарите на многу депонии. Речиси сите пожари се предизвикани од човечки фактор, дали од невнимание или намерно. Поради неповолните климатски фактори(високи температури и сушен период) да не се пали оган на отворен простор!“ Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број”, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни