Македонија

Мицкоски: За жал ние после 2 ипол децении повторно не можеме да бидеме дел од ЕУ

Мицкоски: За жал ние после 2 ипол децении повторно не можеме да бидеме дел од ЕУ

На заедничката прес-конференција која се одржа денес помеѓу претседателот на РСМ Христијан Мицкоски и претседателот на Хрватска Андреј Пленковиќ, премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за влезот на Македонија во Европското семејство изјави дека „после 2 ипол децении повторно не можеме да бидеме дел од ЕУ, односно ние не можеме ни да почнеме да преговараме“.

-Можам да кажам дека изминативе две и речиси половина децении и како држава и како нација направивме како што никој не направил и верувал во Европската иднина. Ако се вратиме уште на самите почетоци на независноста ние го користевме она срамно име односно онаа времена референца поранешна југословенска република кога веќе одамна не постоеше Југославија како држава. И тоа требаше да биде време на референца остана за жал неколку децении. Потоа моравме да го менуваме нашето национално знаме за да бидеме членка на ОН, потоа ги менувавме и банкнотите, неколку пати го менувавме нашиот Устав за да покажеме и докажеме дека веруваме како држава во таа Европска иднина, во тие Европски вредности и така натаму. Секогаш бевме свесни за реалноста, како народ и како држава. Сето тоа кулминираше со промената на Уставот односно кога се случи Преспанскиот договор кога уставното име се промени во Република Северна Македонија од Република Македонија и сето тоа беше еден процес којшто изобилуваше со многу понижувања и кон македонскиот народ и кон македонските граѓани. Но тогаш безусловно од Брисел не убедуваа уште само ова направете го и завршено е, вие не само што ќе ги почнете преговорите него и ќе бидете земја членка на ЕУ. Па потоа се измисли нова методологија на преговарање, па потоа дојде на сцена тогашната бугарска влада и премиерот на бугарската влада со оние хегемонистички барања односно негирања на идентитетот, јазикот и така натаму. И за жал ние после 2 ипол децении повторно не можеме да бидеме дел од ЕУ, односно ние не можеме ни да почнеме да преговараме, вели Христијан Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни