Македонија

Нови 131 позитивни случаи на коронавирус

Нови 131 позитивни случаи на коронавирус

Изминатата недела, од 26 август до 1 септември, тестирани се вкупно 379 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, а регистрирани сe 131 нов позитивен случај, со намалување од 38,5 отсто во однос на минатата недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.

Како што стои во извештајот, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 67, Охрид – 15, Тетово – 11 и од Кавадарци – десет.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 194 лица, додека пак во текот на минатата недела, не се пријавени починати лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни