Македонија

Четири активни пожари низ Македонија

Четири активни пожари низ Македонија

Во текот на денот, до 13:30 часот, има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е 2 и изгаснати се 2.

АКТИВНИ: 4

1. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол (мешана шума);

2. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Пештани (нискостеблеста вегетација);

3. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

4. Општина Струга: с.Горно Татеши (стрниште).

ПОД КОНТРОЛА: 2

1. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

2. Општина Демир Хисар: с.Вардино (исечени дрва за огрев).

ИЗГАСНАТИ: 2

1. Општина Прилеп: кај Дата центар (ѓубре и сува трева).

2. Општина Гостивар: с.Дебреше (сува трева)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни