Македонија

Пад на температурите, ни доаѓа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

Пад на температурите, ни доаѓа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Особено нестабилно ќе биде во текот на утрешниот ден и во сабота, а во недела ќе има помали услови за нестабилност. Од понеделник до средината на следната седница повторно ќе има услови за појава на локално невреме.

Во Скопје од утре до средината на следната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Препорачано е во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни