Македонија

Јаневска: Родителите да не се секираат, ќе има асистенти

Јаневска: Родителите да не се секираат, ќе има асистенти

Mинистерката за образование Весна Јаневска денеска уверува дека проблем со асистентите во училиштата нема, туку проблемот е во училиштата.

„Проблем со асистентите нема, има проблем со училиштата. Пет дена се работи она што Министерството го работи во еден ден. Само им порачувам на родителите да не се секираат. Тоа што сум го ветила и ќе го исполнам. Очекувам дека асистенти ќе има во вторник. Но, добро е ова сознание за да знаеме дека треба да посветиме многу внимание и на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат оваа работа, но и да ги доедуцираме и менаџерите, директорите на училиштата, но и тимовите кои треба да ја преземат оваа активност“, вели Јаневска.

Како што вели, следната година вакво нешто нема да се повтори.

„Затоа што сега го имаме сознанието, родителите воопшто да не се секираа, ќе има асистенти“, додава Јаневска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни