Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами континуирано од терен ја следи ситуацијата со активните пожари низ републиката.
Денес, 07.09.2024 во кординација со сите републички сили го координираше пожарот во прилепското подрачје кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково – Штавица, Општина Прилеп, на чело со командир Ивица Наумовски.
За брзо справување со пожарот беа мобилизирани специјализирани тимови за гаснење на пожари на отворен простор од пошироки размери. Воедно, во поддршка на справување со огнетите јазли беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.