Македонија

Касами – Имамоглу: Искуствата и успешните практики на Истанбул се драгоцен ресурс за развој на Тетово

Касами – Имамоглу: Искуствата и успешните практики на Истанбул се драгоцен ресурс за развој на Тетово

Во рамките на официјалната посета на Турција, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, се состана со својот колега, градоначалникот на Истанбул, г. Екрем Имамоглу. Средбата беше насочена кон истражување на можностите за соработка помеѓу двата града во областите на образованието, културата и економијата.

Градоначалникот Касами нагласи дека искуствата и успешните практики на Истанбул претставуваат значаен ресурс за напредокот на Тетово.

„Применуваме најдобрите практики за да го подигнеме нашиот град на повисоко ниво. Тетово е отворено за секоја соработка која ќе придонесе за напредокот и благосостојбата на нашите граѓани,“ изјави тој.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изрази подготвеност за конструктивен пристап и поддршка на заедничките проекти кои ќе придонесат за развојот на двата града.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни