Македонија

Меџити: Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година

Меџити: Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година

„Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година, следејќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија“, изјави Изет Меџити, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон.

„Преминот од јаглен до 2050 година бара значителна финансиска и техничка поддршка. Поддршката и финансирањето се клучни за успешна трансформација и правична транзиција за заедниците кои ќе бидат погодени“, додаде Меџити.

Тој нагласи дека забрзувањето на енергетската транзиција бара посветеност на трансатлантскиот нивои, вклучувајќи помош за подобрување на регулаторните рамки и енергетската инфраструктура. Развивањето на зелени механизми за финансирање ќе го олесни преминот од јаглен на чиста енергија, додека регионалната соработка преку Енергетската заедница ќе помогне во создавањето на заеднички стратегии за оваа цел.

„Со оглед на стратешката позиција на Северна Македонија на Балканот, како и на влијанието на војната во Украина и руското влијание, нагласувам потребата од зголемена поддршка од САД и ЕУ. Оваа поддршка е од суштинско значење за осигурување на енергетската независност и намалување на руското влијание во регионот“, истакна Меџити во Вашингтон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни