Македонија

Во јули, земјата бележи престој на вкупно 204.336 туристи

Во јули, земјата бележи престој на вкупно 204.336 туристи

Во јули годинава, земјата бележи вкупно 204.336 туристи, од кои 41,8% биле домашни, а 58,2% странски туристи. Тие оствариле 756.831 ноќевање, при што 70,6% од ноќевањата се од домашни туристи, а 29,4% од странски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година, бројот на туристи се зголемил за 8,7% во споредба со истиот период лани. При тоа, бројот на домашните туристи бележи намалување од 0,5%, додека кај странските туристи има зголемување од 13,7%.

Исто така, во првите седум месеци од годинава, бројот на ноќевања се зголемил за 6,1% во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување од 2,7%, додека кај странските туристи зголемувањето изнесува 9,7%.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни