Македонија

Филипче ги осуди обидите за политичка дискредитација на историската комисија

Филипче ги осуди обидите за политичка дискредитација на историската комисија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изрази осуда за, како што рече, политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија и ја поддржа идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа.

„Прво, морам да го осудам политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија. Сметам дека задачата на комисијата е јасно дефинирана и тоа е да утврди заедничко толкување на историските факти. Политиката нема место во оваа работа, и дополнителната политизација и обидите за политичка дискредитација го поткопуваат целокупниот процес и сериозно ја нарушуваат експертизата на членовите, кои се професионалци во своите области“, изјави Филипче денес на прес-конференција во Собранието.

Според него, политичарите можат да допринесат ако иницираат нов модел, на пример, со вклучување на странски експерти, слично како што тоа го практикуваат некои европски држави.

„Вклучувањето на меѓународни експерти во историската комисија со Бугарија е позитивна идеја. Овие експерти може да помогнат во елиминирањето на политичките влијанија и да внесат искуства од претходни комисии во кои работеле. Затоа, ја осудувам политичката дискредитација и политизацијата на историската комисија“, додаде Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни