Македонија

Маж пренесувал мигранти – забележал полицајци па ги удрил во возилото, а потоа продолжил да вози и удрил во патарина!

Маж пренесувал мигранти – забележал полицајци па ги удрил во возилото, а потоа продолжил да вози и удрил во патарина!

На 11.09.2024 околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон с.Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти.

Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни