Денеска на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.
Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, по што ќе следува празнична Вечерна богослужба, и ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје.
„В сабота, на 21 септември 2024 година, ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости“, се вели во соопштението.