Македонија

Муцунски му врачи Плакета за постигнатите успеси на Столтенберг

Муцунски му врачи Плакета за постигнатите успеси на Столтенберг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој го придружува премиерот Христијан Мицковски во работната посета на Брисел, во седиштето на НАТО имаше средба со генералниот секретар на Алијансата во заминување, Јенс Столтенберг.

Како што објави Муцунски на својот Фејсбук профил, на средбата со Столтенберг му изразил лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, и му врачил Плакета за постигнатите успеси.

„Го истакнав неговото водство во турбулентните години, со кое значително ја зајакна и модернизира Алијансата, правејќи ја покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста“, наведе Муцунски.

Тој додава и дека во разговорот ја нагласил важната поддршка на Столтенберг за нашето членство и личните напори што ги вложил за промовирање на мирот на Западниот Балкан, како и неговата посветеност кон политиката на отворени врати на НАТО, која е клучна за регионалната стабилност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни