Македонија

Палчо: Јас таткото на Вања не го познавам, тој е наместен од полицијата!

Палчо: Јас таткото на Вања не го познавам, тој е наместен од полицијата!

Денес во судницата на рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо изјави дека „родителот на Вања, Александар е наместен од полицијата и дека не го познава“.

-Ова е политичка наредба, ова обвинителство раскажува приказни. Родителот на Вања е наместен од полицијата. Јас, Александар не го познавам ниту пак обвинителството докажало меѓу мене и него. Јас бев киднапиран, благодарение не судијата на претходна постапка, но кога дојдов во затвор Скопје, констатирав дека има комплетно погрешни податоци. Бев на понижувачки начин со калашникови донесен пред судија на претходна постапка Душан Јосифов. 70% од мојата кичма не е во функција, јас ќе одев да направам магнетна резонанца во Турција, на 20-ти мај мојата деенка е ставена, изјави Палчо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни