Македонија

Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ да биде исклучена од ЕПП!

Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ да биде исклучена од ЕПП!

Европратеникот од бугарската ГЕРБ, Андреј Ковачев истакна дека ќе побара исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија (ЕПП).

„Европската народна партија е информирана за политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија. Постојат опции за замрзнување на членството и отстранување на партијата од ЕПП“, изјави Ковачев.

Тој оценува дека ВМРО-ДПМНЕ на секој начин бара начин да се приклучи кон партијата на Виктор Орбан, ФИДЕС, затоа што, како што рече, се оддалечува од вредностите на Европската народна партија.

Ковачев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидува да ја испровоцира Бугарија за на крајот да бидат виновниците, а дека Бугарија се однесува крајно цивилизирано и европски.

„Многу пати сме подале рака, но актуелното раководство во Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција“, изјави Ковачев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни