Македонија

ИСЧЕЗНА МАЖ ОД БЕЛГИЈА: Имал планирано планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

ИСЧЕЗНА МАЖ ОД БЕЛГИЈА: Имал планирано планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија било пријавено дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија. Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење. Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни