Македонија

Земјотрес регистриран во Македонија, еве каде беше епицентарот!

Земјотрес регистриран во Македонија, еве каде беше епицентарот!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 24.09.2024 година, во 21 часот и 46 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни