Македонија

Трајковски: Ќе има затворање, трговците не си ја сфатиле сериозно работата!

Трајковски: Ќе има затворање, трговците не си ја сфатиле сериозно работата!

Директорот на ДПИ, Горан Трајковски најави казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја намали маржата.

Трајковски кажа дека лично бил на терен и увидел неправилности.

„Нема да има попуст за никого. Лично синоќа бев на терен и увидов дека трговците не си ја сфатиле сериозно работата. Апелирам веднаш да ги преземат мерките. Денеска оние кои не ја почитуваат одлуката, ќе бидат казнети, а следната цел е затворање на објекти“, рече Трајковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни