Се навршуваат 100 дена од новата Влада. Опозицијата објави слоган со наслов „100 дена изговори“, додека власта пак во исто време објави слоган со наслов „100% посветени за тебе“.
Денеска премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција на која се очекува да ги соопшти работите кои биле направиме во првите 100 дена.
Медиумите веќе пишуваа и за дел од ветувањата кои не биле реализирани.
ТВ21 објави дека eдно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ беше распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители, но тоа наиде на критики од меѓународниот фактор.
https://mk.tv21.tv/prvi-100-dena-vlada-shto-beshe-veteno-a-shto-se-ispolni/
24инфо пак пишува дека 100-те дена на Владата биле исполнети со скандали, задолжувања и скршнување од ЕУ.
https://24info.mk/2024/09/30/100-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%BA/