Свет

Урсула фон дер Лајен повикува да се заштити цивилниот живот на Блискиот Исток

Урсула фон дер Лајен повикува да се заштити цивилниот живот на Блискиот Исток

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повика да нема понатамошна ескалација откако Иран изврши ракетен напад врз Израел, јави ДПА.

„Таквите акции ја загрозуваат регионалната стабилност и ги зголемуваат тензиите во веќе екстремно нестабилна ситуација“, рече Фон дер Лајен, повикувајќи ги „сите страни да ги заштитат животите на невините цивили“.

Во исто време, таа го осуди иранскиот напад „на најкатегоричен начин“.

Таа ги потврди повиците на ЕУ „за прекин на огнот долж границата со Либан и во Газа, како и за ослободување на заложниците кои се држат речиси една година“.

Вчера Иран лансираше огромни бранови ракети и беспилотни летала кон Израел. Досега се знае дека се истрелани најмалку 200 балистички проектили.

Според соопштението на израелските одбранбени сили, проектили биле истрелани кон Израел од Иран. САД претходно соопштија дека веруваат дека Иран подготвува претстојниот балистички ракетен напад врз Израел, откако Израел започна копнена операција во јужен Либан, чија цел е Хезболах поддржан од Иран.

Нападот го потврди и Иран со соопштение на Револуционерната гарда. Гранатирањето е одмазда за смртта на Хасан Насрала и другите воени лидери на организацијата „Хезболах“ ликвидирана од Израел, се гледа од изјавата на иранската војска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни