Македонија

Вреди: Ахмети од командант стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката

Вреди: Ахмети од командант стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката

Нема да дозволиме да го потценуваат албанскиот народ. Ахмети од командант Абаз Џука стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката. Криминалното раководство на ДУИ и неговите сателити, Зијадин Села и Мендух Тачи, ќе прават претстава за бркање на уплавот од нивното соочување со правдата. Ова меѓу другото го изјави денеска на прес-конференција пратеничката на Коалицијата „Вреди“ Саранда Имери.

– Ахмети од командант Абаз Џука стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката. Внукот на Ахмети, Дрин, јавноста го запозна во јуни 2023 година по аферата „Соравија“, кога како 24-годишник го купи трговскиот центар од 13.000 м2 во централниот дел на Скопје, за фантастични 20 милиони евра. Станува збор за шема на сомнителни финансиски трансакции кои ги истражува Јавното обвинителство за организиран криминал, кое меѓу другото бара меѓународна правна помош и од американските власти. Од страв дека се фатени, внукот на Ахмети се повлече од фамозната фирма „Тор Индустри“ во пресрет на изборната кампања, на 13 март 2024 – посочи на пресконференција Саранда.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни