Свет

ВИРУСОТ СЕ ШИРИ: Важно предупредување од научниците!

ВИРУСОТ СЕ ШИРИ: Важно предупредување од научниците!

Италијански научници предупредуваат на ширење на денга треска во регионот Марке во централна Италија, објавија денеска италијанските медиуми.

Оваа вирусна болест, позната и како „треска на скршените коски“ поради силни болки и грчеви кај некои пациенти, ја пренесуваат одредени видови комарци, пренесува Ројтерс.

Секоја година, милиони луѓе се заразуваат со вирусот на денга, а десетици илјади заразени умираат, главно во Азија и Латинска Америка. Овој вирус се шири и кон јужна Европа, каде во Италија, според податоците на италијанскиот национален институт за здравје, од почетокот на оваа година се регистрирани 500 случаи на денга треска.

Од средината на август годинава во градот Фано на јадранското крајбрежје регистрирани се голем број заразени, над 100 потврдени случаи, од кои за 35 е потребна хоспитализација, соопштија локалните власти.

Големиот регион Ломбардија на северот на Италија беше најтешко погоден од денга треска минатата година, со околу 80 заразени лица.

– Ситуацијата е надвор од контрола, имаме најмалку двојно повеќе заболени од официјално евидентираните. Се надеваме дека наскоро ќе дојде зима – објави на својот Фејсбук профил Роберто Буриони, професор по вирусологија на Универзитетот Сан Рафаеле во Милано.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни