Македонија

Уапсени две млади момчиња, низ населба се шетале со ножеви!

Уапсени две млади момчиња, низ населба се шетале со ножеви!

На 02.10.2024 во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.И.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, велат од полицијата за едниот случај.

На 02.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ќ.К.(18) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, се наведува во полицискиот билтен за другиот случај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни