Фирмата „Адора инженеринг“, во сопственост на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, започна со изградба на станбено-деловен објект на паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Паркингот е заграден со тараби, а градежните работи се во фаза на подготвителни активности, откако на 27 септември Општина Центар му издаде градежна дозвола, објави СДК.мк
Според Деталниот урбанистички план (ДУП) за Крњево 2, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година.
„На оваа локација е предвиден објект со намена А2, односно домување во станбени згради, со можност за компатибилни намени како што се мали трговски единици (Б1), деловни простори (Б4) и големи трговски единици (Б2), кои може да зафаќаат максимум 40% од објектот. Според параметрите од ДУП, максималната дозволена бруто изградена површина е 33.724 метри квадратни, а дозволената висина на објектот варира од П+7, П+1 до П+18,“ информираат од Општина Центар.
За изградбата на објектот се платени комунални такси од околу 4,5 милиони евра, од кои 40% или 1,8 милиони евра се наменети за Општина Центар, а преостанатите 60% или 2,7 милиони евра за Град Скопје.
Читај повеќе на СДК.мк