Од ЈП „Комуналец“, претпријатието одговорно за водоснабдувањето во Општина Гостивар, попладнево објави дека водата не е безбедна за пиење.
Ова е втората препорака во последните десет дена да се избегнува користењето на водата од системот за водоснабдување.
Според првичните информации, загадувањето на водата е резултат на последните обилни врнежи.
„Заради контаминација предизвикана од интензивните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи покажуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До понатамошно известување, ве молиме избегнувајте нејзино консумирање“, се вели во соопштението на ЈП „Комуналец“.
Од претпријатието истакнуваат дека работат на решавање на проблемот и дека ќе информираат кога водата ќе биде безбедна за употреба.