Македонија

Вечерва протест пред Влада: Солидарност со народот на Палестина и Либан

Вечерва протест пред Влада: Солидарност со народот на Палестина и Либан

За вечерва пред зградата на Владата е закажан протест за солидарност со народот на Палестина и Либан. Иницијативата е на студенти од УКИМ, против геноцидот. Во нивната најава на Инстаграм пишува:

Пред една година започна најновиот бран насилство на иζраелскàтà воена машина против Пàлестυна. Пред нашите очи го врши злосторот на геноцид. Во меѓувреме, наместо да прекине со геноцидот во Гàзà, иζрàелската воена машина го прошири насилството врз Лυбан. Ако не биде запрена, таа може да разгори регионална војна со уште поголемо страдање од досегашното. Тешка срамота е потомци на луѓе што го доживеале Холокаустот да покажуваат толкава незауздана бестијалност и безобѕирност кон животите на немоќните и различните од себе.

Мора да ја запреме иζраелската воена машина! Ние, обичните луѓе со совест и емпатија ширум светот, предадени од властите што им слугуваат на центрите на моќ!

Затоа, ве повикуваме на протест против леснотијата со која се врши насилство врз други човечки суштества, само затоа што зборуваат различен јазик и не припаѓаат на привилегирана етничка група.

– Бараме од македонската власт да прекине со вазалското послушништво кон империјалниот господар и да се вклучи во меѓународните напори да се стави крај на насилството

– Бараме да се приклучи кон мнозинството држави во светот што ја признаваат пàлестυнската држава

– Бараме да прекине со практиката во Генералното собрание на ОН да гласа „воздржано“ или „против“, поткопувајќи ги напорите да се спречи геноцидот и да се постигне мир

– Бараме да се приклучи кон повиците да се воведе ембарго за дотур на оружје за иζрàелскàтà воена машина

– Бараме Македонија да се приклучи кон државите и меѓународните организации што ја поддржуваат јужноафриканската пријава на Државата Иζрàел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни