Вечерва ТВ21 објави снимка од надзорните камери на која се гледа како избил пожарот во зградата во населбата Чаир. Сепак, не може да се види дали пожарот е подметнат.
Жителите велат дека е во прашање невнимание, односно дека некој од станарите можеби фрлил цигара и запалил хартии и кеси во близина на подрумот.
Пожарот гореше повеќе од 30 часа.