Македонија

„ЕСМ снабдување со топлина“ апелира: Потрошувачите да ги отстранат пречките и дефектите за непречена испорака на топлинска енергија

„ЕСМ снабдување со топлина“ апелира: Потрошувачите да ги отстранат пречките и дефектите за непречена испорака на топлинска енергија

Апел до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, во моментов има 170 затворени објекти, од кои 27 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 43 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 100 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.

Уште еднаш потенцираме дека соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни со цел да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни