Македонија

АА за укинувањето на Балансерот: Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари

АА за укинувањето на Балансерот: Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари

Алијанса за Албанците денеска реагираше на укинувањето на Балансерот.

Тие велат дека вазалитетот на албанските партии во Владата ги поттикнало судиите да го укинат Балансерот.

„Одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада. Со оваа одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата.

Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата. Но, неодговорното однесување и често образложението на одлуката, од страна на претставниците на ВЛЕН, ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на Балансерот“, велат од АА.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни