Македонија

Денеска е погребот на 36 годишната жена и нејзината четиригодишна ќерка од Слатино

Денеска е погребот на 36 годишната жена и нејзината четиригодишна ќерка од Слатино

Најблиските роднини, пријатели и соселани денес се собираат за да се простат од 36-годишната жена и нејзината 4-годишна ќерка од тетовското село Слатино, кои починаа пред два дена.

Според информациите, причината за смртта најверојатно е поради труење од храна.

Деветгодишниот син од семејството е хоспитализиран на скопските клиники поради шокот што го доживеал, а по препорака на лекарите и стручните служби од Центарот за социјална работа во Тетово, тој е префрлен во болница бидејќи во Тетово нема детски психијатар.

Првичните информации покажуваат дека неговата состојба се подобрува.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни