Македонија

Андоновски: Ги дигитализираме најпотребните услуги што бизнис секторот ги бара

Андоновски: Ги дигитализираме најпотребните услуги што бизнис секторот ги бара

Доцнењето на различни административни процедури веќе подолго време многу го чини бизнис секторот. Има многу проблеми со царинските процедури и добивањето дозволи за градба, а сето тоа е поради несинхронизацијата меѓу институциите, велат од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, каде според нив, решението треба да се бара во унапредување на дигитализацијата.

Министерoт за Дигитална Трансформација Стефан Андоновски, за МТВ2 вели дека се свесни за деловните пречки кои произлегуваат од административните бариери. Во ова насока ,ова министерство последниот период дигитализираше околу 70 нови услуги во порталот за онлајн услуги.

„Точно е дека бизнисот долго време се жали, иако бизнис секторот забрзано се развива во процесот на дигитализација, на одреден начин институциите заостанувааат низ овој процес и поради таа причина не се дигитализираат многу брзо внатре или не обезбедуваат дигитални услуги . Она што го направивме во првите 100 дена, дигитализиравме околу 70 нови услуги, што значи дека се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Главни услуги можам да кажам се услугите во Агенцијата за Храна и Ветеринарство како и во Регулаторната Комисија за Енергетика, каде што голем дел од нивните услуги се достапни на веб-страницата.Исто така, во соработка со „Македонија 2025“ и „Стопанска комора“ направивме истражување за тоа кои се најпотребните услуги што бизнис секторот ги бара од институциите, а не се достапни во дигитален формат“, вели Стефан Андоновски.

Министерството за Дигитална Трансформација соопшти дека до 2025 година ќе се дигитализираат и 100 нови електронски услуги кои ќе бидаат достапни на порталот за електронски услуги. Со воведувањето на новите услуги, се очекува значително да се зголеми бројот на активни корисници на порталот и да се подобри ефикасноста на државната администрација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни