Македонија

Големо зголемување на горивата, еве какви цени ќе има од полноќ

Големо зголемување на горивата, еве какви цени ќе има од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на горивата од полноќ.

Така цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 78 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 80 денари, односно поскапување за 2,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре се зголемува за 2 денари, односно ќе изнесува 70,5 денари.

Цената на екстралесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денари, и ќе се продава за 70,5 денјари по литар, додека цената на мазутот од утре ќе изнесува 44,5 денари по килограм, или поскапуваше за 0,5 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни